„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот за набавката на „Мерцедесот“ на Груевски

08.11.2017 | 17:44
Прочитано: 3152

Овој разговор ќе се слуша во судница за време на судењето за набавката на лукузниот мерцедес, во кој обвинети се Гордана Јанкулоска и Никола Груевски. Апелација пресече - бомбите да бидат докази и во случајот „Тенк“ на Специјалното обвинителство.

За незаконската набавка на возилото од 600.000 евра обвинителството го товари Груевски како нарачател, Јанкулоска како извршител, а обвинет во предметот е и помошникот-министер за јавни набавки во МВР Ѓоко Поповски.

Осум телефонски разговори, СЈО доставило како доказ за набавката на луксузниот мерцедес и сите ќе може да се користат како доказ во случајот, од кои четири до сега не биле објавени во јавноста. На вчерашната седница на Апелација, каде се носеше одлуката, дојде и екс министерката Гордана Јанкуловска, која се бранеше цитирајќи пресуди на Европскиот суд за човекови права и побара разговорите да не бидат користени како докази со образложение дека и била нарушена приватноста. Сепак, нејзинито барање не беше прифатено...Претходно, пак Апелација одлучи дека бомбите може да се користат како доказ и за случаите „Шамари во Центар“, „Триста“, „ТНТ“, „Топлик“ и „Тендери“.

 


Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.