„Бомбите“ ќе бидат доказ и во случајот за набавката на „Мерцедесот“ на Груевски

08.11.2017 | 10:59
Прочитано: 2438

Исто како и во претходните преднети Апелација пресече бомбите да бидат доказ и за случајот за набавката на мерцедесот од 600 илјади евра по желба на поранешниот премиер Никола Груевски.

На седницата што се одржа вчера во Апелациониот суд Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи побара бомбите да се слушаат во судницата како доказ против ексминистерката Гордана Јанкулоска и Груевски.

Адвокатите на ексминистерката  и на заменик министерот во МВР, Ѓоко Поповски инсистираа жалбата на СЈО да биде отфрлена, осносно бомбите да не бидат доказ во постапката против нив.

Обвинението на СЈО е поднесено против Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и Ѓоко Поповски, заменик-министер во МВР за набавка на луксузното возило со монитори на задните седишта. Набавката на ова возило била договарана помеѓу Груевски и Гордана Јанкуловска.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.